Opel Astra и Astra Sports Tourer добиваат нов, помоќен plug-in хибриден погон

од Vladimir Zorba
6 прегледи

Opel ја освежи понудата на мотори за моделите Astra и Astra Sports Tourer.

Plug-in хибридниот погон сега е малку помоќен, составен од 1,6-литарски турбо бензински мотор кој развива 150 КС и електричен мотор кој испорачува 125 КС, така што вкупната моќност е 196 КС и 360 Nm вртежен момент. Исто така, тука е и нов електрифициран седумстепен менувач со двојна спојка, кој е специјално дизајниран за зголемената моќност на plug-in хибридот и го замени претходниот 6-степен менувач.

Клучното техничко подобрување се однесува на батеријата. Наместо батерија од 12,4 kWh, новата Astra доби батерија од 17,2 kWh, што го зголемува електричниот досег за 26 километри, или на 83 километри според WLTP циклусот. Потрошувачката на гориво е намалена, а од Opel велат дека комбинираната потрошувачка на енергија е 12,7 – 13,1 kWh, а потрошувачката на гориво е 2,2 – 2,4 литри на 100 километри (просечни вредности според WLTP циклусот).

Карактеристиките одговараат на стандардни компактни автомобили со хибриден погон, Astra забрзува од 0 до 100 km/h за 7,6 секунди, додека на Sport Tourer му се потребни 7,7 секунди. Максималната брзина е 225 km/h.

Стандардната опрема вклучува инфозабавен систем со два 10-инчни екрани, безжична интеграција со паметни телефони (Apple CarPlay и Android Auto), како и стартување на моторот без клуч.

Почетната цена на моделот Astra Plug-in Hybrid во Германија е 38.460, додека за Sport Tourer се потребни најмалку 39.960 евра.