Помоќна електрична Opel Astra како ривал на Volkswagen ID.3 GTX

од Vladimir Zorba

Сегашната генерација на моделот Opel Astra се продава во Европа од ноември 2021 година, а сега се очекува пристигнување на електричен модел кој би можел да добие и помоќна верзија.

Електричната Astra ќе ја зачини понудата во C сегментот, во продажните салони се очекува следната година, додека газдите од Раселсхајм размислуваат и за помоќна верзија.

Автомобилот се развива на платформата EMP2 V3 на Stellantis, која поддржува конвенционален, plug-in и батериски погон. Засега нема ништо официјално за помоќна електрична верзија, но дефинитивно е можно.

Помоќната електрична Astra се појавува како конкурент на идниот модел ID.3 GTX на Volkswagen. Моќниот хечбек од Волфсбург треба да добие два електромотори преземени од кросоверите ID.4 и ID.5, каде што испорачуваат 299 КС и 460 Nm вртежен момент во верзијата GTX. Со истиот погон, ID.3 GTX би требало да забрза од 0 до 100 км/ч за помалку од 6 секунди.

Слични содржини