Кредитите на компаниите со растечки „пик“ за 16%!

од Nikola Popovski
18 прегледи

Во новиот извештај на Народната банка за стабилноста на банкaрскиот сектор во Македонија се нотира дека месечната и годишната промена кај кредитите на корпоративниот сектор во целост се должат на зголеменото кредитирање во денари, при остварен пад на кредитите во странска валута” – се нотира во извештајот на Народната банка. Анализата на податоците покажува дека „моторот“ на вкупниот раст на кредитите се оние за корпоративниот сектор, пренесува „Бизнис инфо.

Конкретно, увидот на податоците покажува дека во јуни е достигнат историски пик на годишен пораст на кредитите за компаниите за дури 16% со што апсолутниот износ на кредитната задолженост достигна 4,18 милијарди евра. 

Домаќинства, пак на крајот од јуни по основ на кредити, должеле 4,27 милиони евра, со пораст од 10,3% на годишно ниво. Вкупната кредитна здолженост на корпоративниот сектор и на домаќинствата на крајот од првото економско полугодие изнесува 8 495 333 400 евра.