Индија ја отфрли понудата на Доналд Трамп, не сака да купи авиони Ф-35, наместо тоа се свртува кон Русите

Русија понуди двоен пакет борбени авиони, и тоа ловецот Су-57Е од петтата генерација и повеќенаменскиот авион за постигнување воздушна супериорност Су-35М.

од desk2
70 прегледи Фотографија: Anna Zvereva from Tallinn, Estonia. Wikimedia Commons - CC BY-SA 2.0 29 August 2019

Според вчера објавените информации во некои медиуми во Соединетите Американски Држави, американските партнери биле известени дека Индија не планира да набавува авион Ф-35.

За време на посетата на индискиот претседател Нарендра Моди на Белата Куќа во февруари, Американците понудиле да продадат авион Ф-35 на индиското воено воздухопловство како дел од поширокото стратешко партнерство. Наместо тоа, индиските функционери нагласиле дека Њу Делхи останува посветен на моделот за набавка на технологија и вооружување кој го нагласува споделувањето технологија, локалното производство и развој на домашните капацитети.

„Владата е повеќе заинтересирана за партнерство фокусирано на заедничко дизајнирање и производство на одбранбена опрема во земјата“, објаснил неименуван индиски официјален претставник за американските медиуми.

Во тој поглед, Индија се согласува со набавки кои би вклучувале размена на технологии, т.е. би овозможиле дел од опремата и технологијата да се произведуваат во Индија.

Во меѓувреме, овој месец Русија понуди двоен пакет борбени авиони, и тоа ловецот Су-57Е од петтата генерација и повеќенаменскиот авион за постигнување воздушна супериорност Су-35М.

Според извори запознаени со преговорите, руската понуда вклучува целосен трансфер на технологија за Су-57Е, со домашна монтажа во погонот на Hindustan Aeronautics Limited во Нашик, каде што веќе се изградени над 220 авиони Су-30МКИ.

Земајќи го предвид сето горенаведено, администрацијата на Моди е повеќе склона кон руската понуда, иако Индија користи значителни количини оружје и опрема од САД.