📽 Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови, на Камчатка еруптираше вулкан првпат по 600 години

од desk2
25 прегледи

Нов силен земјотрес се случи во Тихиот Океан, близу рускиот полуостров Камчатка, каде во средата се случи еден од најсилните земјотреси досега.

Новиот земјотрес се случил денеска, на околу 270 километри од Камчатка. Имал магнитуда од 6,7 степени според Рихтеровата скала, а ги погоди руските Курилски Острови во Тихиот Океан, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Во средата, на 30 јули, Камчатка беше погодена од најсилниот земјотрес од 1952 година, со магнитуда од 8,8 степени.

📽 Потопен град во Русија, цунамито стигна до Калифорнија – силниот земјотрес уште предизвикува паника и ужас

Инаку, на Камчатка вчера, по 600 години, еруптираше вулканот Крашењиников, исфрлајќи гасови и пепел до височина од 5-6 километри. Според руските сеизмолози, неговата ерупција е веројатно предизвикана од силниот земјотрес во средата.

Слични содржини