ДУИ бара од ВЛЕН да се повлечат од Владата: Навредите во Куманово потсетуваат на најмрачните страници од европската историја

од Nikola Popovski
325 прегледи

Демократската унија за интеграција упати критики кон државните функционери – премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Иван Стоилковиќ, министерот Панче Тошковски и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски поради навредливите скандирања на натпреварот во саботата меѓу Македонија и Романија.

Според партијата, омразата била толерирана од претставниците на власта, со оглед дека присуствувале на кошаркарскиот натпревар, а не ги спречиле навредите од трибините.

-Наместо да слушаме навивање во духот на спортот и соживотот, слушнавме страшни повици како „Добар Шиптар е мртов Шиптар“, „Гасна комора за Шиптарите“ и „Чиста Македонија“…Овие слогани не потсетуваат на најмрачните страници од европската историја и не смеат да се оправдуваат како навивање. Најзагрижувачки е институционалното молчење. Нема реакција од МВР, организаторите и Владата…ДУИ јасно го кажува својот став – нема да дозволиме Албанците или било кој друг граѓанин да бидат цел на фашистички повици во нивната држава. Бараме оставка од Астрит Исени, заменик-министер за внатрешни работи и Сафие Садики, заменик-министерката за спорт поради молчење, неспособната и пропуст за да спречат напад кон достоинството на албанските граѓаните. Упатуваме апел до сите албански претставници во Владата јавно да се дистанциите од срамниот настан, да се бараат санкции и да се повлечат од Владата која не реагира туку ја толерира омразата, изјави Емир Сулејмани, член на Централното Претседателство на ДУИ на прес-конференција.