„Адора“ објави омаж за Чифлиганец: „Душко ќе остане запаметен како визионер и лидер со јасна цел“

од Nikola Popovski
757 прегледи

„На 3 август 2025, на 32 години, трагично го загубивме Душко Чифлиганец – заменик-претседател на Адора Бизнис Групацијата. Почина во спортска сообраќајна несреќа“ – со овие зборови се обратија денеска од групацијата со која тој раководеше.

Во објавениот омаж, од „Адора“ истакнуваат дека Душко беше визионер и лидер со јасна цел – раст, иновации и човечност.

-Под негово водство, Адора се прошири во енергетика, инвестиции, финанси и хотелиерство. Дипломиран економист од American University in Dubai, кариерата ја почна со сопствена компанија за здрава исхрана, стои во омажот, во кој се истакнува и дека во 2024 година, започна голем проект во Љубљана, Словенија, со цел проширување во Европа, но не успеал да го доврши.

Филантропски, преку партнерство со Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, Чифлиганец помогнал во отворање детска градинка кај Златибор.

„Адора“ ги објавува и неговите зборови по кои велат дека ќе остане запаметен:

„Пред сè, треба да бидеме луѓе“.

Починатиот Душко Чифлиганец беше заменик-претседател на групацијата „Aдорa“ и син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, активен во хуманитарни организации и моторциклист кој и активно се натпреварувал на мото-трки.