📷 Повторно падна натстрешница во Србија – на Клиниката за онкологија во Ниш, нема повредени

од desk2
28 прегледи Фотографија: ПОДЕС

На Клиниката за онкологија на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, вчера падна долниот дел од натстрешницата на тераса на третиот спрат. Дел паднал на самата тераса, а дел паднал долу.

Фотографија: ПОДЕС

„Само среќата спречи да дојде до посериозни последици, оти на таа тераса седат онколошките пациенти. Поради големата горештина и сонцето, за среќа, немало никој на терасата. Па до кога вака?“, напиша на Инстаграм др. Драган Милиќ, директор на блиската Клиника за кардиохирургија и основач на Движење за децентрализација на Србија (ПОДЕС).

Тој вели оти „јасно се гледа дека зградата неодамна е реновирана, очигледно лошо и неадекватно“

Падот на надстрешницата на новореновираната Железничка станица во Нови Сад на 1 ноември 2024, во која животите ги загубија 16 лица, предизвика шок во Србија а потоа протести против „корумпираната власт“ кои сѐ уште траат.