ДУИ нека не се надева на предвремени избори, порача Мицкоски

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска им порача на ДУИ дека „тоа така не оди“, кога во прашање е придобивање на гласови со лажен патриотизам.

Мицкоски рече дека ДУИ имаат за цел да испровоцираат предвремени парламентарни избори, па порача да не се надеваат.

„Тие играат на картата – кратко помнење. Тоа така не оди. Јас ги повикувам сите граѓани, дека тука бираат помеѓу концептот кој 20 години ја опустошувале Македонија, а немаат никаква врска со права, и оние кои сакаат заеднички да градиме иднина“, рече Мицкоски.