📽 Голем украински напад врз Москва, нејзината околина и други градови на околу 2.000 километри од границата: Пожари, загинати, разорени фабрики

од desk2
16 прегледи

Најмалку три лица загинале во голем украински напад со дронови на Тулската област, Москва и други руски региони, при што некои цели се до 2.000 километри оддалечени од границата со Украина, јавуваат руските медиуми, цитирајќи регионални функционери и Министерството за одбрана на Русија.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека руската противвоздушна одбрана утрово соборила два украински дрона кои летале кон Москва.

Две лица се хоспитализирани по нападот врз Тулската област, која на северот граничи со Московската област, соопшти гувернерот Дмитриј Миљаев.

 

Според некои руски канали на Телеграм, нападот почнал во 3.55 часот в зори, а сведоците слушнале три силни експлозии. Очевидци изброиле најмалку пет дронови што летале на многу мала височина.

Во градот одекнале помеѓу 4 и 7 експлозии. Набргу потоа на разни Телеграм канали се појавија видеоснимки на кои наводно се гледа дрон како лета над руската фабрика „Арзамас“ за инструменти и мехатроника.

 

Има и снимки и фотографии од пожар во ојектот. „Арзамас“ произведува и делови за воздухопловната и вселенската индустрија на Русија.

Украинската Военоизвестувачка управа (ХУР) соопшти дека во неделата извршила далекудострелен напад со дронови на нафтената рафинерија Лукоиол-Уктанефтепереработка во република Коми, на северот на Русија, односно на повеќе од 2.000 километри од границата со Украина.

Според ХУР, таа рафинерија има клучна улога во снабдувањето на руските окупациски сили со гориво и мазива. Локалните жители на социјалните мрежи опишуваат дека слушнале некоку силни експлозии на подрачјето на рафинеријата, по што дошле пожарникари и други служби за итни ситуации. Според регионални Телеграм канали, пробиен бил најмалку еден складишен резервоар, а во градот немало струја и биле прекинати мобилните комуникации.

 

Руското министерство за одбрана, пак, соопшти дека руските единици за противвоздушна одбрана (ПВО) уништиле 40-тина украински дронови во рок од неколку часа во неделата, вклучувајќи 11 над Тулската област, 1 над Московска област и останатите над четири други региони на југот и западот на Русија.

До украинскиот напад дојде неколку дена пред планираниот самит на претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, на Алјаска, со цел изнаоѓање решение за прекин на огнот во Украина и доаѓање до примирје.

Слични содржини