📹 Најавени огромни протести вечерва во Србија. Власта апси

од desk2
28 прегледи

По вчерашните жестоки судири на демонстрантите – противници на власта и припадниците на владејачката партија СНС и полицијата, за вечерва организаторите на протестите повикуваат на огромна масовност на протестите – прошетки.

На улиците на Нови Сад и Белград вчера се случија жестоки судири. На улиците пред демонстрантите се појавија припадници на СНС, додека нејзиниот претседател и претседател на државата, Александар Вучиќ, се обраќаше на членовите на партијата во Белград.

Членовите на СНС беа маскирани и со палки во рацете, а во неколку инциденти со пиротехнички средства целеа кон демонстрантите – противници на власта. Имаше и полициски интервенции со примена на сила, при што доаѓаше и до судири со демонстрантите.

Во Нови Сад човек, за кој подоцна се утврди дека бил војник, извадил пиштол и пукал во воздух. Тврди дека противниците на режимот на Вучиќ му го загрозиле животот.

Собирањата и револтот на демонстрантите уследи откако членови на СНС претходно нападнаа демонстранти во Врбас и Бачка Паланка, при што фрлале кон нив пиротехнички средства, камења, шишиња и француски клучеви.

За вечерва студентите, кои уште од падот на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад одзеден 16 животи, постојано протестираат, повикаа на огромна масовност на протестите, објавувајќи го распоредот.

„Вечерва ќе распукате по сите шевови“, ѝ порачаа студентите на власта. „Србијо, разбуди се!“, додаваат тие.

Денеска имаше голем број апсења, поради сомнежи за напади врз полицијата. Во Нови Сад беше уапсен еден маж под сомнеж дека со нога удрил полицаец во градите. Во Врбас се уапсени најмалку тројца.

Слични содржини