Сибиха: Не можат да се донесат одлуки за мир без учество на Украина

од Vladimir Zorba
5 прегледи

Мировни одлуки не можат да се донесат без Украина, а преговорите можат да дадат резултати само откако ќе се постигне прекин на огнот, изјави денес украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, пред средбата меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп во Алјаска.

Тој истакна дека ставот на Украина и нејзините партнери на патот кон мирот е принципиелен и јасен и дека не може да се утврди без Киев, пренесe УНИАН.

„Никој не сака мир повеќе од Украинците. Никој не сака мир повеќе од Европејците. Но, Русија ја гледа својата главна цел во водењето војна. Русија претпочита да гради нови ѕидови на нашиот пат кон праведен и траен мир. Таа сака да ја запечати нашата слобода“, рече Сибиха во објава на мрежата X.