Дончиќ не е сериозно повреден

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ не е сериозно повреден, соопшти денес Кошаркарскиот сојуз на Словенија.

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ не е сериозно повреден, соопшти денес Кошаркарскиот сојуз на Словенија.

„За среќа, Лука Дончиќ не претрпе сериозна повреда на натпреварот против Латвија. Резултатот од несреќниот инцидент во средината на третата четвртина е контузија на десното колено. Капитенот на репрезентацијата и неговите соиграчи ќе продолжат со тренинзите на теренот во Стожице во понеделник по една недела пауза. Репрезентацијата ќе тренира во полн состав, бидејќи дури и ударите што некои играчи ги добија во жештината на натпреварот немаа никакви сериозни последици“, се вели во соопштението.

На Европското првенство, кое започнува на 27 август, Словенија ќе игра во групата Д со еден од домаќините, Полска, како и Франција, Белгија, Исланд и Израел.

Слични содржини