Европскиот фронт се ребрендира во Национална алијанса за интеграција

„Живееме во тешки времиња и ние Албанците сè помалку сме почитувани од актуелната власт, која нема албански етнички легитимитет. Но, иако времињата се тешки, ние во ДУИ никогаш не ја забораваме европската дестинација до која сакаме да стигнеме“

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Европскиот фронт се ребрендира и на локалните избори закажани за 19 октомври ќе настапи под логото Национална алијанса за интеграција (НАИ), сподели на Фејсбук лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети.

-Живееме во тешки времиња и ние Албанците сè помалку сме почитувани од актуелната власт, која нема албански етнички легитимитет. Но, иако времињата се тешки, ние во ДУИ никогаш не ја забораваме европската дестинација до која сакаме да стигнеме. Денес е потребно единство, прво меѓу сите Албанци, кои треба да бидат заедно еден за друг, но и меѓу сите оние кои не се откажуваат лесно и кои веруваат дека во нашата земја можеме да изградиме подобра иднина за нашите деца, стои во објавата.

Ахмети дека иднината на земјава е интеграција во големото европско семејство.