За подметнување пожари приведени досега 39 лица, најголемиот број пожари на отворено предизвикани од потпалувачи

од desk2
6 прегледи

Од 1 април до денеска, поради пожари на отворен простор приведени се вкупно 39 лица, а по преземени мерки поднесени се 25 кривични пријави, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна поврзаност.

Како што вели МВР, од 1 јули годинава, откако е воведена забрана за движење во шуми, до 30 јули биле затекнати 22 лица како се движат во шумски предели без дозвола. Против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по Закон за шуми.

„Во насока на рана превенција од пожари, полициските служби употребуваат дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата. Со воведувањето на овие оперативни мерки зголемена е ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, како и детектирањето на можните причини или причинители на истите“, се вели во соопштението на МВР.

 

Слични содржини