Трамп: Ова е голем ден за Белата куќа, голема чест за Америка!

од desk2
19 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, пред средбата со претседателот на Украина, Володимир Зеленски и европските челници во Вашингтон порача дека станува збор за „голем ден“ и „голема чест“ за САД.

По претходната средба на Зеленски и Трамп во САД, во ситуација на напнатост поради најавениот самит со претседателот на Русија, Владимир Путин, овој пад работите се малку поинакви – првиот човек на Украина во САД пристигна со придружба од европските челници.

Во главниот град на САД пристигнаа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон, премиерот на ОК, Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџија Мелони, финскиoт претседател Александер Стуб и Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека денеска во Вашингтон, за време на заедничкиот состанок на лидерите на САД, Украина, други европски земји, ЕУ и НАТО, ќе се дискутира за идната безбедносна архитектура на Украина и Европа, извести вебсајтот на претседателот на Украина по средбата на Зеленски со специјалниот претставник на САД за Украина и Русија, Кит Келог. Украински медиуми јавија дека преговорите меѓу претседателот на Украина, со учество на други европски лидери, и претседателот на САД Доналд Трамп, што ќе се одржат денеска во Вашингтон, станаа клучна тема на средбата на Зеленски со Келог.

„Пред сè, благодарни сме на претседателот Доналд Трамп за оваа покана и форматот што ќе го имаме. Сигналот во врска со безбедносните гаранции е важен. Многу е важно што сме заедно со САД и Европа“, истакна Зеленски.

Трамп делува многу одушевено.

„Голем ден во Белата куќа. Никогаш не сме имале толку европски челници тука одеднаш. Голема чест за Америка“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“.

Првин ќе уследи средбата на Трамп со Зеленски, а потоа и со гостите од Европа. На состаноците ќе присуствува и потпретседателот Џ.Д. Венс.

Европските челници би требало да се веќе пристигнати во Вашингтон.

Трамп ќе го прими Зеленски во 19 часот по средноевропско време. Само 15 минути подоцна ќе почне нивната билатерална среда, а еден час подоцна, во 20:15 часот по средноевропско време, Трамп ќе ги прими и европските челници.

Инаку, Зеленски денеска порача дека според Уставот, Украина не би можела да отстапи своја територија на Русија.

Белата куќа прашала дали Зеленски ќе носи костум на состанокот со Трамп

Слични содржини