Русија остро против Велика Британија поради нејзината поддршка за Украина

од desk2
14 прегледи

Русија денеска ги осуди британските напори за поддршка на Украина. Министерството за надворешни работи на Руската Федерација предупреди дека какво било сценарио што вклучува присуство на НАТО во Украина е „неприфатливо“.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, порача дека изјавите од Лондон „не само што се разликуваат од напорите на Москва и Вашингтон, туку се и очигледно насочени кон нивно поткопување“.

Во соопштението, повеќепати се критикува Велика Британија, со тврдење дека тамошната влада е „опседната“.

„Повторно го истакнуваме нашиот категоричен став против какви било сценарија што предвидуваат појава на воен контингент во Украина со НАТО земји, оти тоа би можело да доведе до неконтролирана ескалација на судирите со непредвидливи последици“, порачува руското МНР.

Оваа порака од Москва стигна додека Стармер е во Вашингтон на големиот состанок на Доналд Трамп, Володимир Зеленски, Стармер, Урсула фон дер Лајен, Емануел Макрон, Фридрих Мерц, за можна спогодба со Русија за прекин на војната во Украина.

Слични содржини