Вреди: Поради ДУИ Албанците денес се 24,3% наместо 29,5%

од desk2
0 прегледи

Арбер Адеми и ДУИ денеска држат прес-конференции и зборуваат за неправдите во пописот и за исклучувањето на Албанците од правично претставување кои самите тие, од ДУИ, го испланираа, го изгласаа и го спроведоа. Вистината е една: токму тие од ДУИ го подготвија и гласаа овој попис, токму тие ја направија штетата што денес ја чувствуваат сите Албанци, се вели во реакцијата од Вреди на изјавите на потпретседателот на ДУИ Арбр Адеми.

„ДУИ го подготви Законот за попис. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за финансии Фатмир Бесими и целата владина структура на ДУИ беа тие што го креираа и го предложија Законот. Арбер Адеми и пратениците на ДУИ го изгласаа Законот, а денес истиот човек што гласаше за законот излегува и зборува против неговите последици. ДУИ ја внесе најголемата аномалија во пописот, бидејќи графите за попишување што ги вметна ги нема никаде во светот. Наместо јасен и фер попис, тие овозможија нашите сограѓани да бидат третирани како туѓинци во сопствената држава“, соопшти Вреди.

„ДУИ свесно ја осакати статистиката и токму поради нивните компромиси, Албанците денес наместо 29,5% се прикажуваат како 24,3%“, се додава во соопштението.

„Одговорноста е јасна бидејќи никој друг, освен ДУИ, нема вина за ваквата состојба. Десетици предупредувања од експерти и граѓански организации беа игнорирани, само за да се задоволат личните и партиските интереси на раководството на Али Ахмети. ДУИ се занимаваше со бизниси и не се интересираше за интересите на Албанците. Затоа, Вреди прашува: Дали Арбер Адеми дури сега разбира каква штета им нанесоа на Албанците? Дали Бујар Османи, Али Ахмети и Арбер Адеми конечно ќе признаат дека ја измамија дијаспората и нерезидентните Албанци? Дали Ахмети ќе преземе одговорност за оваа историска измама?“, прашува Вреди.

Вреди ќе продолжи да ја брани вистината и правичното претставување на Албанците, се додава во соопштението.

„Ние нема да дозволиме нивната бројка и нивното достоинство да бидат фалсификувани. Она што ДУИ го уништи, Вреди ќе го исправи“, соопшти коалицијата.

Слични содржини