Три лица загинаа при пад на хеликоптер во претпладневните часови на британскиот остров Вајт, соопшти денеска полицијата на Хемпшир и на островот Вајт.
Полицијата во соопштение наведува дека „вкупно четири лица биле во леталото, а едно лице моментално е во болница во тешка состојба“, пренесува Скај њуз.
Компанијата „Нортамбриа Хеликоптер“ потврди дека едно од нивните летала, модел G-OCLV било вклучено во несреќата. Хеликоптерот паднал близу одморалиштето Вентнор.