Скопјани, кои го изградија градот, не можат да обезбедат домови во него, поради лудите цени од нехуманата урбанизација, сподели кандиодатот за Градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ.
Скопјани, вели пратеникот од редовите на Левица, не можат да се движат низ Скопје, поради недостаток на јавен превоз – не можат никаде да се социјализираат без да мораат нешто и некому да платат, во недостаток на јавни површини и чист простор.
„Животот во Скопје не мора да биде ваков, но политичарите од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ токму тоа и го сакаат. За да можат да скројат Генерален урбанистички план за фирмите на нивните донатори и соработници. Да можат од секоја потреба на граѓаните, да направат за себе чист, сиров кеш и да ни го трошат достоинството во изгубени години и прилики“, истакнува тој.