Седум лица беа уапсени откако упаднаа и ја блокираа канцеларијата на извршниот директор на „Мајкрософт“, Бред Смит, што е најновиот во серијата протести против врските на компанијата со израелската војска.
Апсењата вклучуваат сегашни и поранешни вработени на „Мајкрософт“, според протестната група „No Azure for Apartheid“.
„Мајкрософт“ соопшти дека разгледува извештај овој месец од британскиот весник „Гардијан“ дека ИДФ ја користела платформата за складирање на податоци од телефонски повици собрани преку масовно следење на Палестинците во Газа и на Западниот Брег.
За време на брифингот за медиумите, Смит рече дека двајца од уапсените биле вработени во „Мајкрософт“.
Осумнаесет лица беа уапсени на сличен протест на плоштадот пред седиштето на компанијата минатата недела.
Групата протестира против компанијата со месеци. Во мај, „Мајкрософт“ отпушти вработен кој го прекина говорот на извршниот директор Сатја Надела.
Барањата на групата вклучуваат компанијата да ги прекине врските со Израел и да им исплати отштета на Палестинците.