Ништо од „Ryanair“ во Македонија, имале „невозможни барања“

„Ова би нè натерало да вработиме неколку стотици дополнителни работници на аеродромите само за да ги задоволиме нивните потреби“, изјави министерот.

од Vladimir Zorba
122 прегледи Фотографија: TJDarmstadt on Wikimedia Commons

Македонската влада не успеа да постигне договор со „Ryanair“ за влез на домашниот пазар, а барањата на ирскиот нискобуџетен превозник ги окарактеризираa како „невозможни“.

Министерот за транспорт, Александар Николоски, изјави дека имале неколку средби со претставници на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“, објави порталот за авиоиндустрија „Екс-Ју Авиејшн“.

„Се сретнавме со нив два или три пати. Причината зошто не се на нашиот пазар се условите што ги поставија. Во пракса, тие сакаат аеродромите во Скопје и во Охрид да бидат опслужувани исклучиво од „Ryanair“, што би значело дека државата би трошела огромни суми пари само за нив. Тие исто така сакаат времето помеѓу слетувањето и полетувањето да трае најмногу 35 минути. Ова би нè натерало да вработиме неколку стотици дополнителни работници на аеродромите само за да ги задоволиме нивните потреби“, изјави министерот.