Османи: Балансерот ги штитеше Македонците во Чаир

„Македонците во Чаир беа најзаштитени токму од балансерот. Благодарение на него, општината мораше да ги вработува и нив согласно бројот. И тие ми велат: ова е директен удар врз нивната безбедност.“

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, остро реагираше на последната изјава на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој повторно го нападна принципот на Бадентеровото мнозинство, еден од клучните елементи на Охридскиот рамковен договор.

Според Османи, ваквите ставови се дел од одамна подготвена стратегија чија цел е поништување на договорот што ја гарантира мултиетничноста и стабилноста на државата.

Османи јасно посочи дека ударот врз балансерот, системот кој обезбедува правична етничка застапеност во институциите, најмногу ќе ги погоди токму македонските граѓани во Чаир.

„Македонците во Чаир беа најзаштитени токму од балансерот. Благодарение на него, општината мораше да ги вработува и нив согласно бројот. И тие ми велат: ова е директен удар врз нивната безбедност.“