Тешко повредена жена додека влегувала во лифт во МРТВ

Жената завршила во ГОБ „Св. Наум Охридски“

од Nikola Popovski
218 прегледи Фото: Принтскрин

52-годишна жена од Скопје завршила во болница откако се повредила при влегување во лифт во зградата на МРТВ.

– На 03.09.2025 во 11:20 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена Е.Т.(52) од Скопје, која се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ, информираа од полицијата.

За настанот бил известен трудов инспектор.