Две тепачки пред ист локал во Центар, бил изваден и пиштол

М.К. извадил пиштол и го вперил, но бил совладан од обезбедувањето на објектот и истиот му бил одземен

од Nikola Popovski
18 прегледи

Ноќеска во 00:20 часот во Скопје, пред угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(18).

Според пријавеното, пред угостителскиот објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и М.З.(20) и А.И.(19) од Скопје, од друга страна. Исто така, според пријавеното, во одделен случај пред истиот угостителски објект, настанала физичка пресметка помеѓу М.К. од една страна и А.И. и С.Х.А.(21) од друга страна,  при што М.К. извадил пиштол и го вперил кон нив, но бил совладан од обезбедувањето на објектот и пиштолот му бил одземен.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.