Мало дете голтнало таблета, па завршило во болницата во Штип

Детето е пренесено во Клиничката болница Штип и укажана му е медицинска помош

од Nikola Popovski
41 прегледи

Вчера во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено едноипол годишно дете од Радовиш кое најверојатно испило таблета.

„На 07.09.2025 во 18:22 часот во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено едноипол годишно дете од Радовиш, кое, според пријавеното од страна на неговиот татко, околу 17:00 часот во семејната куќа најверојатно испило таблета“, се наведува во полицискиот билтен.

Детето е пренесено во Клиничката болница Штип и укажана му е медицинска помош.