Членот на СДСМ и поранешен функционер, Јани Макрадули смета дека полека станува јасно зошто, како што вели, актуелната Влада ниту ги исполнува ветувањата, ниту знае како да се справува со реалните проблеми.
„Ние помисливме дека се гоштеваат со папаји и манга, ама тие учеле, па разработувале тези, куцале на компјутер и го средувале печатењето. (Секако во ова ниту Бране не верува, уствари, хм?)“, објави Макрадули.
Затоа, во најскоро време, додава тој, да ги очекуваме и тезите:
„- Оправданоста за застојот на ЕУ процесот со барање на гробот на Александар;
– Декласификацијата како опасност за паѓање на маските наречени жртви;
– Одредување на пропорцијата во случајот: колку повеќе падови во РЕК, толку повеќе увоз;
– Придонесот во олеснување да изградите софтвер, испрограмиран од градежна фирма;
– Компаративна анализа на дивоградбите во Македонија и Албанија, и зошто Албанија никогаш нема да влезе во ЕУ;
– Негативното влијание на тешките муабети во спектарот на бои, со посебен акцент на розовата боја;
– Опасност од нарушување на партнерските односи, кога реалната бројка 12, се претставува како 24;
– Скандинавски приказни за мали деца и големи гласачи“, стои во јавната објава на Макрадули.