Даути: За Македонија би било проблематично „воен сојуз“ со Србија заради фактот што сме членка на НАТО

Даути не верува дека Македонија се „подготвува“ да „стане Трета српска држава“

од Nikola Popovski
36 прегледи Фото: Архива

За Македонија би било проблематично заради фактот што сме членка на НАТО, и од минатото и сегашноста, само Србија била и останува закана за регионот, а не другите,така што би било многу нелогично за нас да се качиме на експанзионистичките цели на „српскиот свет“, вели политичкиот аналитичар, Даут Даути за настаните од изминатиот викенд на планината Ниџе и скандалозната изјава на српскиот министер за одбрана, Братислав Гашиќ, кој зборуваше за „патот на слободата“ и „враќањето во татковината“ на српската војска на територијата на Македонија.

Тој во изјава за „Локално“, на прашањето дали Македонија се подготвува за „Трета српска држава“ и дека во последниот период гледаме обвинувања, особено од дел од партиите од албанскиот блок како станала дел од „српскиот свет“, вели дека не верува дека до таму би дошле работите поради опасната поделеност што би се предизвикало на деликатните односи меѓу двете заедници.

Даути: Многу извесно е дека Србија со Македонија сака да воспостави сличен воен сојуз за соработка како што беше склучен меѓу Хрватска, Албанија и Косово бидејќи за неа тоа е некаков знак за закана