Во оваа држава, за жал, каде и да копнете е труло. Каде и да копнете излегуваат проблеми кои не настанале преку ноќ, проблеми кои се таложеле и за жал, денес не ставаат на вакво дереџе на кое сме, изјави синоќа министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Констатирано е, и со домашни и со странски експерти, дека ваков тип на пожар, мора да се затрупа со ситна песок, не само со вода и со останати традиционални начини на гаснење пожар.
-Тоа е што максимум можеме да го направиме во моментов, рече Тошовски.
На новинарско прашање дали се срами што е запалена депонијата Дрисла и што има пожар во Трубарево, Тошковски истакна дека Дрисла се пали со години.
-Дрисла се пали со години, со информациите што ги имам добиено, и во 2023, во 2024, 2025. Истото се случува и со Вардариште. Срам ми е што морам да кажам дека по 35 години, ние немаме капацитети какви што треба да имаме за да бидеме една европска демократска современа држава која ќе може на едно такво ниво да се справиме, рече Тошковски.