„Вчера конечно ја затворивме дивата депонија во Никуштак, срам наследен од владата на ДУИ, која со години го труеше воздухот и здравјето на жителите на Липково и Арачиново. Оваа одлука беше овозможена благодарение на директното влијание на првиот вицепремиер Изет Меџити и вицепремиерот Арбен Фетаи, кои го претворија проблемот занемарен од ДУИ во државен приоритет“ – вака утрово се пофалија од коалицијата ВЛЕН преку соопштение.
Според коалицијата составена од неколку партии од албанскиот блок, овој чин не е само затворање на депонија, туку затворање на ерата на срам и неодговорност.
-ДУИ 20 години ги остави Албанците да живеат меѓу отпадот, додека самите се богатеа на нивен грб. Денес го затворивме нивниот отпад, но на 19 октомври граѓаните ќе ги затворат и политичките кариери на фосили на ДУИ.
Липково, Арачиново и секоја албанска општина повеќе нема да бидат гробишта од ѓубре на ДУИ, ниту од отпад, ниту од корупција, ниту од политичко предавство, порачуваат од ВЛЕН.