Рускиот претседател Владимир Путин останува заинтересиран и отворен за решавање на ситуацијата во Украина преку преговори и очекува да продолжи соработката со САД по ова прашање, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Путин, како и (американскиот претседател Доналд) Трамп, го задржува својот интерес и отвореност за насочување на целата украинска ситуација кон мирно решавање“, рече Песков во интервју за телевизијата „Русија 1“, објави денес ТАСС.
Песков додаде дека Русија очекува „САД и претседателот Трамп лично да вложат напори да помогнат во ова прашање“.