Марина Костова е првата македонска филмска критичарка избрана за потпретседателка на светската федерација – ФИПРЕСЦИ

Ова е првпат во 100-годишната историја на ФИПРЕСЦИ филмски критичар од Македонија да биде избран во раководството на една од најстарите професионални организации во светот, што обединува здруженија на филмски критичари од 90 земји на сите континенти

од Nikola Popovski
10 прегледи

Македонската филмска критичарка Марина Костова е избрана за потпретседателка на Меѓународната федерација на филмски критичари-ФИПРЕСЦИ. Ова е првпат во 100-годишната историја на ФИПРЕСЦИ филмски критичар од Македонија да биде избран во раководството на една од најстарите професионални организации во светот, што обединува здруженија на филмски критичари од 90 земји на сите континенти.

Изборот на новото раководство со 4-годишен мандат беше на Генералното собрание во Будимпешмарина та, Унгарија на 17-18 септември. За нов претседател на ФИПРЕСЦИ е избран Ахмед Шауки од Египет, а покрај Костова за потпретседателки се избрани и Паола Касела од Италија и Елена Рубашевскаја од Украина.

Оваа функција ја сфаќам како огромна чест, не само за мене лично туку особено за нашата Македонска секција на ФИПРЕСЦИ која, иако една од најмалите, е особено активна во жиријата на бројни филмски фестивали во светот. Почнуваме нова ера на ФИПРЕСЦИ со прекрасен и посветен тим и радосна и горда сум што и нашата мала секција ќе биде тука. Како потпретседателка на ФИПРЕСЦИ, ќе работам на враќање на почитта и поддршката за независната филмска критика. Со 100 години историја, ФИПРЕСЦИ има уникатно и моќно наследство, а мојата активност ќе биде за развивање иницијативи што ќе ја користат оваа платформа за застапување на нашата професија. Особено ќе се ангажирам за создавање партнерства меѓу ФИПРЕСЦИ и нејзините национални секции, посебно со малите како нашата во Македонија. Заедно, можеме да ја зајакнеме соработката со фестивалите, да соработуваме со засегнатите страни од филмската индустрија и да ја потврдиме неопходната улога на критичките гласови во филмската уметност“, изјави Костова.