Тачи: Понатаму ќе откријам колку пати ДУИ го молеше Мицкоски за влез во Влада и кои бизнисмени ги испратиле како емисари

„Во следниот јавен настап ќе кажам колку пати го молеа Мицкоски“, рече Тачи

од Nikola Popovski
192 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

„Во следниот јавен настап ќе кажам колку пати го молеа Мицкоски“ – вака изјавил синоќа лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи за коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ.

Во дебатна емисија, Тачи рече дека ќе покаже како ДУИ прифатиле да станат дел од Владата дури и без функцијата претседател на Парламентот и кои биле бизнисмените што ги испратиле како емисари.

„Вечерва ќе одам дотука, ако кажат уште еден збор, тогаш во следниот јавен настап ќе покажам колку пати го молеа Мицкоски, со имиња и презимиња, бизнисмени од Скопје, луѓе од Албанија, колку се поклонувале, како прифатиле да влезат во Владата дури и без претседател на Парламентот, кои биле и какви биле“, рече Тачи во емисијата „Дебата 21“.