ДУИ негодува бидејќи новите полициски униформи не се двојазични

ДУИ: Униформи само на македонски јазик, вистинското лице на институционалната дискриминација

од Nikola Popovski
272 прегледи Фото: МВР

Демократската унија за интеграција го изразува своето најдлабоко негодување поради, како што велат, скандалозната одлука новите полициски униформи да бидат само на македонски јазик. Според партијата, овој чин е флагрантно кршење на принципите на Охридскиот договор и Законот за употреба на јазиците, кој гарантира еднаквост и двојазичност во државните институции, а особено во полициските униформи.

-Ова не е изолиран случај, туку продолжение на дискриминаторската политика на ВМРО-ДПМНЕ, која веќе иницираше отстранување на албанскиот јазик како службен јазик во Уставниот суд. Она што го прави уште поскандалозно е сервилното молчење на албанските партии на власт, кои прифатија да станат вазали на антиалбанските политики, кршејќи го достоинството и правата на Албанците за ситни политички интереси, наведуваат од ДУИ.

Според партијата на Али Ахмети, еднојазичните униформи не се само облека туку симбол на идентитетот, еднаквоста и почитувањето на државата.

-Кога законот бара двојазичност, а Владата наметнува еднојазичност, ова е доказ за губење на политичкиот суверенитет на албанските партии кои денес ги одразуваат интересите на ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ јасно става до знаење: Албанците нема да прифатат вакви понижувања. Законот е јасен, во општините каде што Албанците се најмалку 20%, секоја државна институција е должна да ги користи службените јазици, вклучувајќи ги униформите и јавната комуникација, додаваат од ДУИ.

Бараат итно повлекување на оваа, како што велат, дискриминаторска одлука и замена на полициските униформи со двојазични ознаку, според законот и јавно извинување од албанските партии на власт „кои го одобриле овој срам“.

Слични содржини