Д-р Чолакова Дервишова: Парацетамолот е штетен, може да предизвика дури и малигнитет на црниот дроб

Не велам дека е дезинформација изјавата на Трамп како претседател на држава, сигурно е базирана на стручна фела која стои позади него. Јас и на моите пациенти им апелирам да што помалку внесуваат лекови ако не требаат, вели д-р Чолакова-Дервишова за тврдењата од САД дека употребата на парацетамол за време на бременоста може да биде поврзана со „многу зголемен ризик од аутизам“

од Nikola Popovski
21 прегледи Д-р Лидија Чолакова Дервишова/ Фото: Фејсбук

Не велам дека е дезинформација изјавата на Трамп како претседател на држава, сигурно е базирана на стручна фела која стои позади него. Јас и на моите пациенти им апелирам да што помалку внесуваат лекови ако не требаат, вели д-р Лидија Чолакова-Дервишова за тврдењата од САД дека употребата на парацетамол за време на бременоста може да биде поврзана со „многу зголемен ризик од аутизам“.

Таа во разговор за „Локално“ вели дека „дури и во самиот лек да прочитате ќе видите дека парацетамолот е хепатотоксичен и невротоксичен и имаме пациенти кои што многу долго го користеле, а кои што дури прави малигнитет на црниот дроб“.

-Праксата и искуството од преку 30 години покажуваат друго. На времето порано луѓето и децата кога имале температура, бабите ги триеле со ракија, ги масирале, топли чаеви…Многу поретко се користеле хемиски лекови, истакнува, меѓу другото, Чолакова Дервишова.

Дали парацетамолот во бременоста навистина предизвикува аутизам кај децата? Д-р Чолакова Дервишова: „Изјавата на Трамп сигурно е базирана на стручна фела“

Слични содржини