Докторот во пензија, Никола Пановски смета дека тврдењата на американската Влада како парацетамолот го зголемува ризикот од аутизам, не заслужуваат коментар и ги нарекува „невидена неодговорност и шарлатанство“.
Во изјава за „Локално“, според него, и да е точно тврдењето, тоа не е работа на претседателот на САД, Доналд Трамп.
-Сега трудниците ќе користат помалку безбеден аналгетик и антипиретик, смета Пановски.