Судењето поврзано со нелегалното прислушување на политичари и новинари со користење на шпионскиот софтвер „Предатор“ започна денес во Грција – 3 години откако скандалот ја потресе земјата, објави АФП.
Четири лица – двајца Израелци и двајца Грци – се соочуваат со Кривичниот суд во Атина за „кршење на тајноста на телефонската комуникација“ и се соочуваат со максимална казна од 5 години затвор.
Судењето, првично закажано за мај, беше одложено за 6 месеци.
Тројца од обвинетите се поранешни шефови во грчката компанија „Интелекса“, која го дистрибуираше шпионскиот софтвер „Предатор“ во Грција.
Тој им овозможуваше на хакерите да пристапат до пораки, фотографии, па дури и далечински да го активираат микрофонот или камерата на заразениот уред, пренесе БНР.
Во 2023 година, „Интелекса“ беше додадена на листата на компании забранети во Соединетите Држави поради закана за националната безбедност.
Една од главните жртви на скандалот, грчкиот финансиски новинар Танасис Кукакис, за АФП изјави дека тоа е „вистинско кршење на владеењето на правото“.
Случајот, кој тој го откри на почетокот на 2022 година, ја потресе конзервативната влада на Киријакос Мицотакис и доведе до оставка на шефот на националната разузнавачка служба и советник и внук на премиерот.