Макрон: Ја поддржуваме Молдавија во нејзината потрага по европска иднина

Ништо не може да го запре народот што избира демократија, напиша, пак МНР Баро

од Vladimir Zorba
5 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/Официјален профил на Емануел Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон во објава на својата социјална мрежа откри дека неговата земја ја поддржува Молдавија во нејзиниот стремеж кон европска иднина.

Францускиот лидер ја поздрави победата на парламентарните избори во Молдавија на проевропската владејачка Партија за акција и солидарност, основана од молдавската претседателка Маја Санду, објави Ројтерс.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, исто така, го поздрави исходот од парламентарните избори во Молдавија.

„Ништо не може да го запре народот што избира демократија и слобода. Дури ни очајните обиди за интервенција од страна на странска сила. Франција братски го поздравува суверениот избор на молдавскиот народ да ја потврди својата решеност да се движи кон Европа“, напиша Баро во Х.