Група пратеници од украинскиот парламент, Врховната рада, поднесоа нацрт-резолуција со која се предлага номинација на американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, објави денес Укринформ.
Врховната рада ја регистрираше нацрт-резолуцијата за предлогот до Нобеловиот комитет за номинација на Трамп за Нобелова награда за мир под број 14088 на веб-страницата на парламентот.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир, а во јуни оваа година, Пакистан, исто така, објави дека планира да го номинира Трамп за наградата, поради улогата што ја одигра американскиот претседател во преговорите за прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан во краткотрајниот конфликт меѓу двете земји во мај.