Денеска (01.10.2025) во периодот од 10.00 до 12.00 часот поради одржување на протест, за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Гоце Делчев“ на потегот од крстосница со ул.„Филип 2-ри Македонски“ до крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ во насока на движење кон Влада на РСМ и бул.„Илинден“ во двете насоки на движење на потегот од крстосница со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосница со бул.„8-ми Септември“ во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
-СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, соопштуваат од полицијата.