Апасиев: Уставниот суд како да е паднат од Марс – никој за ништо не е надлежен само Мицика е за се надлежен

„И откако таму ќе го добиеме спорот, некои ќе треба да си ги искине дипломите и, секако, да плати гоооолема оштета. А вие, драги сограѓани, за инат на хибридниот режим, на овие избори гласајте за Левица“, порача Апасиев

од Nikola Popovski
14 прегледи Фото: Фејсбук профил на Димитар Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев смета дека Уставениот суд се однесува „како да е паднат од Марс“. Вели дека од петокот одбива да поведе постапка по службена должност (ex officio) против, како што велат, дискриминаторското Упатство на АВМУ со кое ѝ се забранува на Левица да се рекламира на медиумите – иако политичкиот плурализам и слободните и фер избори се стипулирани како  на нашиот уставен поредок.

„Затоа, за да ги потсетиме, им поднесовме и наша Иницијатива за која имаат веќе разработено СЦЕНАРИО како да ја отфрлат. Имено, планот им е да закажат седница по една година (иако кога подносителот бара времена мерка, постапката мора да е итна) – и само да констатираат дека “оспорениот акт повеќе не е во правна сила”!? А тоа што тој бил во сила и произвел екстремно штетни политички, правни и финансиски последици, тоа не ги занима нашиве “истакнати правници” преправени со тоги“, истакнува Апасиев.

Тој тврди дека правната битка ќе продолжи во Стразбур.

„И откако таму ќе го добиеме спорот, некои ќе треба да си ги искине дипломите и, секако, да плати гоооолема оштета. А вие, драги сограѓани, за инат на хибридниот режим, на овие избори гласајте за Левица (број 6).

p.s. Вчера, Основниот граѓански суд Скопје се прогласи за ненадлежен да суди за друга “приремена мерка” (иако уште од лани, за сличен случај со проф. Ванковска, ги добивме на Апелација, која пресуди во наша полза дека се стварно надлежни да постапуваат). Каша-попара, дечки.

Наравоучение: никој за ништо не е НАДЛЕЖЕН, само Мицика е за се надлежен“, порачува Апасиев.

Со перформанс во кој оставија полна торба со импровизирани пари и телевизор пред Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), партијата Левица пред два дена официјално ја започна својата изборна кампања. Поводот беше одлуката на Агенцијата, со која партијата остана без можност за платено политичко рекламирање.