Медведев: Европејците треба да го почувствуваат стравот од војната и да треперат како глупави животни однесени на колење

„Можеби тогаш ќе ја разберат војната и ќе им ги откинат главите на изродите како (Фридрих) Мерц и (Емануел) Макрон, кои профитираат од крв“, рече Медведев.

од Vladimir Zorba
73 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Поранешниот руски претседател и заменик-претседател на Советот за безбедност на оваа земја, Дмитриј Медведев, објави нова провокација на своите социјални мрежи, овој пат упатена до лидерите на европските земји.

Поконкретно, Медведев ги провоцира европските лидери поради беспилотните летала кои значително ги нарушија операциите на бројни аеродроми низ Европа.

Секако, поранешниот руски претседател негираше дека оваа земја била вклучена во овие операции и ги нарече неидентификувани летачки дронови (НеДД).

„НеДД се насекаде: над воените бази, на полиња, над аеродроми и во градовите. Не се знае чии се, дали има некакви теории?“, рече тој.

Понатаму, во директна порака до Европејците, тој изјави дека беспилотните летала имаат една главна намена.

„Главната работа е што кратковидите Европејци ја чувствуваат опасноста од војната, да треперат и се тресат како глупави животни однесени на колење, дa се извалкаaт од страв од нивниот непосреден крај“, напиша Медведев.

Конечно, тој испрати порака до граѓаните на европските земји, споменувајќи двајца лидери.

„Можеби тогаш ќе ја разберат војната и ќе им ги откинат главите на изродите како (Фридрих) Мерц и (Емануел) Макрон, кои профитираат од крв“, рече Медведев.