Адеми: Пукањето врз нашиот кандидат за советник не е обичен инцидент, туку обид за атентат

Адеми додаде дека демократијата не може да се заплаши со оружје, а волјата на граѓаните не може да се запре со куршуми

од Nikola Popovski
36 прегледи Фото: Принтскрин

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, денес побара органите за спроведување на законот да го истражат случајот со пукањето врз нивниот кандидат во Општина Липково, Зекирија Шахини.

„Првичните факти и докази и снимките од безбедносните камери јасно укажуваат на директен напад од страна на маскирано лице кое дејствувало за да го загрози животот на нашиот кандидат. Ова не е едноставен инцидент, туку настан со силни индиции за атентат и треба да се третира како таков“, рече Адеми.

Тој побара Министерството за внатрешни работи да го идентификува и уапси сторителот и секое лице вклучено во овој случај. Адеми рече дека безбедноста на граѓаните е државно прашање, а не партиско прашање.

Тој ги повика Владата, Обвинителството и Министерството за внатрешни работи веднаш и сериозно да дејствуваат како гаранти на законот.

Адеми додаде дека демократијата не може да се заплаши со оружје, а волјата на граѓаните не може да се запре со куршуми.

Носителот на советничката листа на ДУИ во Општина Липково, Зекирија Шаини е ранет во оружен инцидент којшто се случи попладнево во центарот на Куманово. 43-годишниот Шаини е вон животна опасност, но со прострелни рани на рацете и нозете. Пулмологот е пренесен во кумановската болница, каде што му е укажана помош, па е префрлен на хируршките клиники во Скопје.

На расчистување на случајот, информираат од Основното јавно обвинителство работат двајца обвинители. Се прибираат траги и материјални докази, кои ќе бидат предмет на вештачење. По напаѓачот се трага. Според првичните индиции, според ОЈО не се работи за политички мотиви зад инцидент, но сите околности се проверуваат.