Згрозен сум од однесувањето на Турција, изјави Вучиќ откако Ердоган испорача „дронови-камикази“ на Косово

„Сега е сосема јасно дека Турција не сака стабилност на Западен Балкан и дека сонува повторно да ја обнови Отоманската империја. Србија е мала земја, но ние добро ја разбравме пораката“, објави Вучиќ на Икс.

од Vladimir Zorba
38 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Нова

Турски камикази дронови „Скај Дагер 15“ беа испорачани вчера во Приштина, што предизвика жестока реакција од Белград, а пред сè од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој рече дека Турција со тоа покажува дека не сака стабилност на Западен Балкан, пишува Блиц.

Вучиќ изјави дека е „згрозен од однесувањето на Турција и континуираното вооружување на властите во Приштина“, оценувајќи дека ова претставува брутално кршење на Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

„Сега е сосема јасно дека Турција не сака стабилност на Западен Балкан и дека сонува повторно да ја обнови Отоманската империја. Србија е мала земја, но ние добро ја разбравме пораката“, објави Вучиќ на Икс.

Во врска со новонастанатата ситуација, за денес во 13:00 часот е најавен говор на српскиот претседател Александар Вучиќ во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката.

Премиерот на Косово, Албин Курти, објави дека контејнери со илјадници турски борбени дронови камикази „Скај Дагер“ пристигнале на аеродромот во Приштина, три месеци пред предвиденото.

Овие камикази дронови, познати и како „FPV од типот RTF“, се борбени беспилотни летала опремени со експлозивни полнења за погодување на подвижни и статични цели. Приштина претходно купи „TB2 Bajraktar“ и „Puma“.