📷Разрешен директорот на неврологија откако се појави видео како шмрка бела прашкаста материја

Кузмановски е кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на директорската позиција беше поставен во авгсут годинава.

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Министерството за здравство соопшти дека министерот Азир Алиу денеска донел решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски.

Во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури. Работата на Клиниката продолжува непречено, наведуваат од Министерството.

Ова доаѓа откако на социјалните мрежи денеска се појави видео на кое се гледа како Кузмановски меша бела прашкаста материја во чинија, зворува за неа со асоцијации за кокаин и разговара со друго лице кое најверојатно го снимало видеото.

Кузмановски е кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на директорската позиција беше поставен во август годинава.

Слични содржини