Чешката војска откри странски дронови што летаат над критична инфраструктура, особено над воени локации, изјави денес портпаролката на војската Здењека Собарна Кошванцова.
Таа за Чешката новинска агенција изјави дека војската е подготвена да ги открие, идентификува и неутрализира сите неовластени дронови.
Во последните недели, неколку европски земји, вклучувајќи ги Германија, Данска, Норвешка и Белгија, пријавија слични инциденти над критичната инфраструктура.