Министерството за внатрешни работи денеска информира дека е санкционирано лицето кое на 9 октомври со службено возило на бул.„Партизански одреди“ во Скопје помина на две полни линии и користеше флешери.
-Денеска, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Б., постапувајќи по објавеното видео кое беше објавено на социјалните мрежи на 09.10.2025 на кое се гледа како на бул.„Партизански одреди” управува службено возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, при што користи уреди за посебни светлосни знаци и преминува преку две полни линии, посочуваат од Министерството.
Од МВР соопштуваат дека против лицето се преземени мерки по член 139 став 11 и 30 и став 5 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.