СДСМ: За нарко скандалот со директорот на Клиниката бараме кривична одговорност и истрага за неговата работа

Ова е мега скандал на власта и мора да има кривична одговорност, темелна истрага на целокупната негова работа, бидејќи за здравството се работи и за здравјето на луѓето

од Vladimir Zorba
30 прегледи

После нарко скандалот на директорот на Клиниката за неврологија, кој е снимен како конзумира дрога не е доволно повлекување и негово разрешување. Ова е мега скандал на власта и мора да има кривична одговорност, темелна истрага на целокупната негова работа, бидејќи за здравството се работи и за здравјето на луѓето, соопштија од СДСМ.

Ако лице што управува со здравствена установа користело дрога, тоа отвора прашање како тоа влијаело врз неговите одлуки како директор, врз здравјето на пациентите, врз безбедноста и функционирањето на системот на клиниката!

Сите надлежни институции мора веднаш да го повикаат на распит и да го преиспитаат целото негово работење: сите тендери, одлуки, финансиски трансакции и кадровски именувања во времето кога тој раководел со клиниката.

Особено што и Државната ревизија констатираше неправилности во клиничките испитувања и процедурите.

СДСМ ќе инсистира, одговорност мора да има, без разлика кој е, без разлика колку е близок со Христијан Мицкоски.

Министерот за здравство мора да побара од Лекарската комора додека трае истрагата да му биде одземена лиценцата за работа. Не може човек што се дрогира да се занимава со здравјето на луѓето ил со медицина.

Почитувани граѓани, ова е голем скандал кој покажува како владее ДПМНЕ и какви кадри става на клучни институции во здравството кое што е во целосен хаос.

Нема лекови, нема операции, луѓето не можат здравствена услуга да добијат а директорите на ДПМНЕ се дрогираат. Срамно и тажно истовремено.

Фрапирачки е како Мицкоски молчи за овој случај. Но едно е јасно, додека неговоте директори се фатени до дрога, Мицкоски не може да зборува за морал ниту за вредности, додаваат оттаму.