Спасовски: Никогаш, ниту во еден момент, не сум се јавил за да спречам контрола во „Пулс“

Најостро ги демантирам лагите и манипулациите коишто ВМРО-ДПМНЕ ги пласира. Ги отфрлам како целосни невистини. Ова е класичен пример за очајна манипулација, реагираше поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој беше обвинет од ВМРО-ДПМНЕ дека имал контакти со сопствениците на „Пулс“.

од Vladimir Zorba
38 прегледи Фото: Фејсбук/Официјален профил на Оливер Спасовски

Најостро ги демантирам лагите и манипулациите коишто ВМРО-ДПМНЕ ги пласира. Ги отфрлам како целосни невистини. Ова е класичен пример за очајна манипулација, реагираше поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој беше обвинет од ВМРО-ДПМНЕ дека имал контакти со сопствениците на „Пулс“.

„Никогаш, ниту во еден момент, не сум се јавил за да спречам контрола, напротив, фактот што контроли имало насекаде е најсилна потврда дека ниту сум влијаел, ниту постои било каков обид за тоа.

Овие лаги кои ги шири власта се очаен обид на ВМРО-ДПМНЕ за последна злоупотреба на трагедијата во Кочани за политички цели, во момент кога јавноста веќе знае дека токму нивни функционери, од сите ешалони на власта, биле директно инволвирани во случајот „Пулс“ а сега се заштитени.

Сакам да им порачам дека со спинови и лаги не може да се побегне од фактот дека власта ја попречува правдата за трагедијата во Кочани“, се додава во реакцијата.

Слични содржини