Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут изјави дека денешните избори во Косово се од огромно значење за српскиот народ што живее таму, но и за цела Србија, наведувајќи дека постои реална шанса да се потврди волјата на Србите што живеат во земјата за конечно воспоставување на својата автономија.
„Очекуваме дека волјата на граѓаните, изразена на слободен и демократски начин, ќе биде почитувана. Можеби за прв пат по многу години, постои реална шанса да се потврди волјата на Србите што живеат во Косово и Метохија за конечно воспоставување на својата автономија, во согласност со претходно постигнатиот Бриселски договор“, рече премиерот Мацут на платформата X.
Српската влада, како што изјави, останува посветена на дијалог, мир и институционално решавање на сите прашања, со целосно почитување на правата и интересите на српскиот народ.